На втората фестивалска вечер на 8. по ред “Џез фактори фестивал“ кој се одржува во Битола сцената на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ првиот термн беше резервиран за настапот на триото на пијанистот Jaume Miquel од Кралството Шпанија.Од 21 часот следува настапот на саксофонистката и композиторка Swantje Lampert.
Вечерашните настапи ги најави и кратко се обрати кон публиката директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски.
-Се радувам дека вечерва сме во Битола, а доаѓаме од Виена, Австрија, рече саксофонистката и композиторка Swantje Lampert, за која Поповски претходно рече дека е вистинска среќа во Битола да имаме жена во светот на џезот.
Од 22 часот во Паб Бурбон Стрит Битола, настапува квартетот на Јован Цветковиќ од Македонија.
Денес во 11 часот беше претставена на книгата на Ненад Георгиевски, Press and play, книга која ја истражува македонската музичка сцена.
Во 12 часот во Битолскиот театар се одржа работилницата на светски познатата саксофонистка Swantje Lampert од Австрија.
Утре е последниот ден на фестивалот, на концертата програма битолчани ќе имаа прилика да го следат настапот на битолчаните “КОД 369“, а по нив ќе настапат на JFF Little Big Band, а ќе биде диригент Тони Китановски од Македонија.Утре со почеток во 10 часот во соработка со Здружението Пелагонија ќе се одржи годишната конференција на Асоцијацијата на џез фестивали, со цел размена на искуства и поддршка на европскиот џез.
Текст и фото: Сашо Ристевски