Битола е градот во кој повеќе децении се испишува историјата на боди-билдонгот во Македонија и пошироко. Битола до сега имала десетици успешни билдери кои понеле титули од државни, балкански, европски и светски првенства. А тоа се повторува секоја година. Секоја година излегува по некој кој ја продолжува битолската боди-билдинг историја и традиција.
Оваа година новата билдерска ѕвезда е Алекс Спасевски кој на својот прв настап на државното првенство во Скопје освои прво место во боди-билдинг категорија – класик, второ место во јуниорска категорија и второ во полу тешка категорија, а сето ова како член на фитнес клубот Паљо од Битола.Големиот успех кој го направи веднаш му донесе и нова титула, а таа е голема, за една седмица ќе го облече репрезентативниот дрес и ќе ги брани црвено-жолтите бои на Македонија во Црна Гора. Поканата му го смени животот, наместо рекративно како и досега сега со многу работи и сериозност е подготвува за новиот предизвик, а тоа и ние го почуствуваме, чекавме слободен термин меѓу два тренинзи за разговор со Алекс. Го најдовме, каде ако не во теретана, а на паузата ни кажа нешто за себе, за почетоците, за тренерот, за победите, за репрезентација, а Алекс започна:
-Ги почитувам сите, без разлика на годините или полот кои се грижат за себе и имаат убаво тело, а тоа беше и мојот мотив кога започнував пред околу една и четири месеци. Започнав, морам да кажам, со мала грижа од родителите бидејќи претходно имав сериозни здравствени комликации, тешка операција повеќе од пет час, а препораката од лекарите беше да мирувам барем една година. Но, не издржав и започнав да се занимавам со боди билдинг. Претходно тренирав пливање, но прекинав, бидејќи немаме базен и немаше каде да тренирам. Започнав сам, и добро ги поднесував тренинзите, бев силно мотивиран, а потоа започнав да работам со тренер, а тое е Божидар Пецаковски, светскиот првак од Битола.
Талентот на Спасевски одлично го процени Пецековски кој по една година го кандиса да започне со сериозна работа и да се посвети професионално на боди-болдингот, бидејќи неговите предиспозиции и посветеноста во тренингот се огромна гаранција за успех. Алекс за Пецаковски вели дека му ја дал потребната мотивација кога било нај потребно, дека е топ тренер, кој знае се за овој спорт.
-Една година и четири месеци е моето тренирање боди-болдинг, а во текот на тој период немам пропуштено нити еден тренинг, нити ден без да внимавам на исхраната, а тука се и кардио тренинзите и пешачењето. Овој изминат период за мене премногу значи, мислам постигнав огромен успех, а да бидам искрен дека ова ќе се случи не верував ни сам, вели Спасевски.
По “налог“ на тренерот, иако Алек се двоумеше дали да се појави на првенството, се појави и стана новата битолска и македонска боди-билдинг ѕвезда, а за својот прв настап на едно натпреварување вели:
-Се појавив до јуниорска конкуренција, во боди билдинг класик и во полутешка кетегорија до 90 килограми. Освоив прво место во сениори боди-билдинг категорија – класик до 90 килограми, второ место во јуниорска категорија и второ место во полутешка категорија.Ова беше прво натпреварување во кое Алекс ги помина тешките подготовки за настап кои долго траат и носат големи откажувања и предизвици. За тој тежок период пред натпреварот Спасевски вели:
-Можам да кажам дека периодот пред натпреварот ми помина многу брзо и право да кажам не знам дали да кажам, лесно или тешко. Тренинзите ги поминав без проблем, како и делот на исхраната, но морам да кажам дека кардио тренинзите ми беа, и ми се најтешки, најмногу ме уморува, а се мене ми прави мерак и ќеф.
Кога сме кај маките морам да споменам дека понекогаш ме мачи желбата за благо, но се трпи, со смеа кажува Алекс.Наместо одмор по победата и мала релаксација по натпреварот Алекс ја добива поканата да биде дел од македонската репрезентација на Балканското првенство во Никшиќ, Црна Гора од 25 до 27 сприл, односно идниот викенд.
-Да бидам искрен не ја очекував поканата, имав само еден натпревар и ниту размислував дека ќе бидам дел од македонскиот тим. Секако се израдував дека некој го вреднувал мојот труд, мојата посветеност, мојот резултат, но од друга страна имам малку трема за настапот. Се јавив кај тренерот му кажам за поканата и добив задача да се појавам на Балканско. Ќе се натпреварувам само во една категорија, во боди-билдинг класик во сениори. Овие десетина дена работам максимално да ја оправдам добербата и повторно не размислаувам за пласмани, за медали, не ја знам конкуренцијата, туку го работам само она што ми го кажува тренерот и се трудам максимално да го одработам и да бидам што подобро подготвен.
На крај Спасевски ја упати пораката до сите млади кои се двоумат:
-Да се мотивираат да вежбаат, секој да верува во себе, никој дури не пропоба не може да ги знае можностите, да не прекинуваат со тренинзите во било кој спорт, да не се откажуваат. Успехот ќесо дојде сам по себа, а тоа ќе им донесе задоволство кое тешко се опишува со зборови. Јас не се откажувам одам и понатаму, следува Балканското, а ќе се подготвувам и за Европско и Светско.
Сашо Ристевски