Press "Enter" to skip to content

Успешно реализирана средношколска екскурзија на Медицинско – Италија 2025

Италија – живеевме сон! Се вративме полни со спомени, приказни и енергија од нашата средношколска екскурзија во Италија! Од кралицата на модата – Милано, до романтичната Венеција – секој ден беше ново доживување. Со многу нови знаења и незаборавни спомени, нашите ученици се вратија од своето бајковито италијанско патување! Смеа, дружба, учење и мали авантури – токму тоа е формулата за совршено патување!, истакнаа учениците од средното медицинско училиште од Битола, кои додадоа:-Посетивме неверојатни места, научивме за културата и историјата на Италија, го зајакнавме другарството меѓу нас.