На 16 април 2024 година, во организација на Vrabotuvanje.com.mk, се одржа гала-настанот „Работодавач на годината“, каде беа одбележани компаниите што се истакнуваат како најпосакувани за вработување во Република Северна Македонија. Наградите беа доделени врз основа на резултати од независно и анонимно истражување за задоволството на вработените.
Во силна конкуренција со етаблирани индустриски субјекти, Кромберг и Шуберт – Битола се издвои како добитник на престижното признание „Најпосакуван Работодавач за 2024 година“во областа на индустрискиот сектор. Оваа награда претставува автентичен доказ за квалитетната организациска култура, континуираната грижа за вработените и одличните услови за работа што компанијата ги негува и унапредува веќе 12 години.
-Ова признание е резултат на колективната посветеност, труд и професионализам на секој член од нашиот тим. Особено сме горди што признанието доаѓа токму од нашите вработени, што ја прави оваа награда уште повредна. Нашата заложба останува јасна – да инвестираме во луѓето, нивниот личен и професионален развој, и да креираме безбедна, стабилна и инспиративна работна средина, изјави Ирена Ристевска – Менаџер на Оддел за Човечки ресурси – Кромберг и Шуберт – Битола.
Компанијата упатува искрена благодарност до сите вработени за нивната ангажираност, пожртвуваност и доследна верба во заедничката визија. Токму преку таа сплотеност, Кромберг и Шуберт – Битола успева да се позиционира како пример за модерен, одговорен и иновативен работодавач во рамките на индустрискиот сектор.
Кромберг и Шуберт – Битола останува цврсто посветена на својата мисија: да создаде работно опкружување кое ги надминува очекувањата – и на вработените, и на клиентите.

Кромберг и Шуберт – Битола ја доби наградата „Најпосакуван Работодавач за 2024 година“
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “АБЦ Дојчиновски“: продажба на пелети, камини и котли за парно греење
- Битола, имаш термин за себе
- “By Marieli“ кафетерии: Совршен спој за вистинско уживање
- “Бител“: 5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА со купување на “VOX“ телевизори до 31.12.2026!
- „Ниту еден денар повеќе“ – Јошевски со лична гаранција за понудата на МИНТ за клиентите на Алта банка





