Press "Enter" to skip to content

Со изложбата “Ликовни омажи“ Македонско научно друштво Битола го започна празнувањето 65 години од постоењето (фотогалерија)

Вечерва во Музеј – галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола свечено беше отворена изложбата “Ликовни омажи“ во организација на  Македонско научно друштво Битола и со тоа започнаа празнувањата за одбележување на големиот јубилеј 65 години постоење на МНД Битола.На отворањето на изложбата беа присутни скоро сите членови на МНД Битола и голем број на љубители на уметноста од Битола.На присутните им се обрати домаќинот на изложбата, галеристот м-р Драган Ристевски кој рече:-Чест ми е повод 60 години постоење на МНД Битола кое е формирано во 1960 години да ја отворам првата манифестација од многуте манифестации кои се планирани во рамките на прославата на јубилејот во наредните денови. Тоа е изложбата на 12 ликовни уметници членови на Друштвото за наука и уметност, или денешно МНД Битола. Посебна благодарност има кон сите кои се одзваа на мојата замолница да отстапат свои дела од семејните колекции од покојните автори, а живите ни отстапија на времено уживање своите прекрасни дела.Претседателката на МНД Битола, проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска им се заблагодари на присутните и рече дека во рамките на прослава на јубилејот 65 години постоење на МНД Битола ќе бидат организирани 65 настани во текот на јубилејната година.За МНД Битола, за авторите, делата… зборуваше Владо Ѓоревски, кој е дела од организација го дизајнираше каталогот и го напиша текстот, кој нагласи:-МНД Битола е формирани не како институција, не како организација која име некоја рационална мотивација, туку е искрена, многу чесна, а дури и наивна идеја за да се собере интилигенцијата на Битола. Ова мора да се потенцира и акцентира бидејќи не знам место во кое пред формирањето на МАНУ, е формирано, не знам точен збор, формирано зружение каде е апсорбирана енергија која има за цел да ја чува креативноста на овој град. Мислам дека е добро што се одбележува со една изложба во која и преку која се покажува дека покоен автор не постои бидејќи не постои покојно дело, што е и суштината на реалноста.На изложбата се застапени делата на Стојан Апчевски, Милица Василева, Димитар Димитровски – Такец, Ставре Стадим Димитровски, Илија Кочовски, Дамитар Кочевски – Мичо, Павле Кузмановски, Јордан Макасијевски, Ранко Струмениковски, Симеон Силјановски, Панде Петровски и Борислав Траиковски.На изложбата е изложен оргиналното лого на Друштвото за наука и уметност Битола, кое го изработи академскиот сликар Ранко Струмениковски, со молив на бела хартија.Македонското научно друштво – Битола во своето шеесет и петгодишно постоење, како настаро од ваков вид во Македонија, успеа да забележи, оствари и создаде фундаментални темели врз кои се изградува една научна и културна мисла. Како здружение кое ги обединува творците од сите одделенија, тоа а унапредува цивилизациската срж и има значенье не само за Битола, туку и за суштината за осторуваьето на македонскиот народ во поширок контекст. Фактот за неговото активно и забележливо постоенье во непрекинат континуитет е доказ за креативниот екстракт што го архивира како прилог за достоинственото, афирмативно и забележливо постоенье на нашето вистинско егзистирање.Одделението за уметност, на неко начин кореспондира со развоот на современата ликовна уметност во Битола коа е специфичен и единствен ликовен феномен во развоот на ликовното творештво во Македониа. Активноста на неговите членови на директен и инспиративен начин го формираат и го осмислуваат идејното опстојуваье на Македонското научно друштво – Битола. Естетиката, активниот творечки влог ги обележуваат основните визионерски постулати според кои се оцртуваат суштествените не само за неговите постоена
туку и во однос на директната рамноправна корелациіа со меѓународните истакнати творечки остварувања.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »