Press "Enter" to skip to content

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одржа традиционалниот натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ 2025, победник Ана Анастасова (фотогалерија)

По повод 25 април – Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, денес се одржа традиционалниот натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ 2025, во организација на Универзитетското студентско собрание.Настанот се одржа во свечена атмосфера, со присуство на ректорот проф. д-р Игор Неделковски, проректорите: Јасмина Буневска Талевска, Јове Димитрија Талевски и Цветко Андреески, претседателот на Сенатот, Филип Поповски, генералниот секретар, м-р Теодора Михајловска, декани, професори, студенти и гости.Во своето обраќање, претседателот на УСС, Димитар Атанасовски, истакна дека студентите се движечка сила на УКЛО и важни носители на одлуки во рамки на универзитетските тела, а УКЛО ТРИВИУМ е потврда за нивното залагање, за развој на критичката мисла, градење демократска култура и почитување на академската слобода.Учесниците на ТРИВИУМ добија слобода да говорат на теми кои им се блиски, притоа отворајќи значајни општествени прашања и изразувајќи лични ставови и идеи.Тричлената комисија составена од професорките: д-р Билјана Граматкоски, д-р Изабела Филов и д-р Снежана Саламовска ги оцени настапите и ги избра најдобрите: прво место, Ана Анастасова од Педагошкиот факултет – Битола, Теодора Христовска, второ место, студент од  Економскиот факултет – Прилеп и трето место  за Дарко Трпковски од  Правниот факултет – Кичево.

Со врачување на наградите и повторен настап на првонаградениот учесник, Ана Анастасова натпреварот официјално заврши, а присутните беа поканети на дружење во чест на празникот на УКЛО.Според раководаството на УКЛО, ваквите манифестации се директен израз на заложбата на Универзитетот за поддршка на интелектуалниот раст на студентите и нивното охрабрување да станат лидери на мислењето, носители на позитивни општествени промени и чувари на универзитетскиот дух.Неподелен е и ставот на организаторите од УСС УКЛО, бидејќи, особена вредност на овие процеси претставува учеството на УКЛО во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, која обезбедува наднационален контекст за академска соработка, мобилност и иновација.Преку ова партнерство, Универзитетот се позиционира како супериорен и визионерски ориентиран универзитет на иднината – отворен, креативен и длабоко посветен на градењето на студентите како глобално свесни, општествено одговорни и интелектуално независни индивидуи.  

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »