Press "Enter" to skip to content

Заеднички историски час на УКЛО Битола и МНД Битола беше посветен на Македонското научно друштво – Битола (фотогалерија)

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во академската 2024/2025 година, го одбележува 25 април – Денот на своето основање – под инспиративното мото „Корени и крилја“, што симболично ја изразува синтезата меѓу длабоката вкоренетост во националната и образовна традиција и стремежот кон иновативни и европски образовни хоризонти.Денешното одбележување започна во просториите на Ректоратот каде беше одржан заеднички историски час на УКЛО Битола и МНД Битола.Историски час беше посветен на Македонското научно друштво, во чии рамки се направи едукативен осврт кон формирањето на македонската научна мисла и нејзината улога во етаблирањето на академскиот идентитет на државата. Во овој контекст, УКЛО е афирмиран како стратешки академски столб, а Македонското научно друштво, како асоциран партнер во КОЛОРС Алијансата, ја зацврстува својата релевантност на полето на современата научна и образовна сцена.За значењето на двата јубилеи зборувааа ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски и претседателката на МНД Битола проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска.На историскиот час беа присутни и високите гости од Асоцијацаијата “Колорс“ од Германија, кои ја поздравија идејата на ваков начин да се одбележи јубилејот.На крајот на историскиот час беше прикажан дел од документарниот филм посветен на јубилејот на МНД, 65 години постоење.Мотото претставува тематска рамка за мултидисциплинарната програма што започна на 24 април и се реализира на повеќе локации низ Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »