Еурофарм Пелистер – Вардар 34:35 (16:17)
Вечното ракометно дерби во Битола вечерва заврши со победа на Вардар над Еурофарм Пелистер, со гол постигнат во последната секунда, со резултат 34:35, а со тоа наместо потврда на титулата за битолчани, ќе биде неизвесно до крајот на сезоната, кога во последното коло во Скопје, ќе се одлучува.Еурофарм Пелистер да победеше денес ќе имаа се во свои раце, но нема да биде така, иако во Битола се беше подготвено за потврда на титулата. Вардар сега има 12 бодови на првото место, Еурофарм Пелистер е втор со 11 на втората позиција.
Натпреварот започна неочекувано за “пелистерци“ и публиката, скопјани отворија со водство од 0:4. Првиот гол Еурофарм Пелистер го постигна дури во седмата минута. “Вардарци“ ја одржуваа предноста од три до четири гола во продолжение, а Пелистер дојде до 9:10. “Пелистерци“ тоа го напавија уште два пати до крајот на првиот дел. На крајот на првото полувреме Вардар имаше 16:17, Тајник не дозволи на пауза да се оди со реми.
Судиите Николов и Начевски досудија дури 16 пенали, девет за домаќините и седум за гостите, а во вториот дел имаше уште 11 пенали на двете страни, или вкупно 27 пенали.
На стартот на вториот дел, шампионот за првпат израмни 17:17, а потоа се играше гол за гол. Домаќините пак имаа мала криза во играта и “црвено-црните“ отидоа на +4, 20:24. Митревски одбрани два пати и на средина на второто полувреме беше 24:25.
Во продолжението Вардар одржуваше предност од еден до два гола разлика, а “пелистерци“ на пет минути до крајот израмнија на 31:31. Следуваа грешки на Пелистер и Вардар дојде со 31:33. Вардар имаше 33:34, а битолчани дојдоа до 34:34 преку Кузмановски. На 20 секунди имаше тајм-аут, а Горига во послената секунда и погоди за триумф во Битола.
Манасков постигна десет, а Кузмановски имаше девет реализации за екипата на Еурофарм Пелистер.
Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска