Сирени на противпожарно и амбулантно возила, повредени ученици, евакуирани гимназијалци, евакуирани професори и друга кадар од гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола, згрижени ученици кои биле на настана во училниците… беа дел од сценариото на симулационата вежба, насловена “Начин на однесување во кризни ситуации“.Општина Битола во соработка со полициски службеници од СВР Битола, вработени и волонрери од Црвениот Крст од Битола, пожарникари од територијалната противпожарна единица Битола, екипа на Итна медицинска помош, ЦУК – Битола, во средното училиште “Јосип Броз Тито“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба при пожар.
Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.
Симулациона вежба беше изведена во зградата на Гимназијата и во неа беа вклучени учениците кои беа на претпладневна настава.Сето ова, во корист на учениците и професорите, што претходно го договорија, беше реализирано на практична вежба при состојба на пожар, која денес практично се реализираше.
На овој начин гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола ги подигна веќе воспоставените стандарди на уште повисоко ниво, покажувајќи ја подготвеноста за делување и во случај на одредени немили настани.
Текст и фото: Дамијана Ристевска