–Над 100 цртежи инспирирани од темата “Ориент“ со применета уметност во мода, пристигнаа на конкурс органзиаран низ основните училишта во Битола. Тие учествуваа во избор за најдобра креација. Креацијата ќе ја понесе една од дамите кои ќе учествуваат на Креатиен ден 2025 кој ќе се одржува на 28 мај 2025 во НУ Народен театар Битола.
Во рамките на претстојниот Креативен Ден 2025, Средното модно-текстилно училиште од Битола организираше КОНКУРС за цртеж и дизајн, наменет за ученици од основните училишта со афинитет кон уметност, сликање и мода.
Одзивот беше импресивен – над 100 цртежи пристигнаа, секој од нив носејќи уникатен пристап и креативна енергија на младите учесници. Цртежите беа инспирирани од темата на Креативен Ден: применета уметност во мода.
Иако задачата беше тешка, професорките од модното училиште избраа еден цртеж кој ќе биде пренесен во реална, нослива креација и ќе биде претставен на настанот. Сепак, секое дете кое учествуваше ќе добие дигитално признание како поттик и охрабрување за понатамошно развивање на талентот.
За овој конкурс организаторите ни кажаа:
-Со овој конкурс, Креативен Ден уште еднаш покажува дека не е само моден настан, туку платформа за развој, поддршка и охрабрување на младиот уметнички дух. Нашата цел е да го препознаеме креативниот потенцијал кај децата уште од рана возраст, да ги мотивираме да сонуваат и создаваат. Овој конкурс е доказ дека креативноста цвета кога и даваме простор.
Жанета Ристевска