Press "Enter" to skip to content

Музиката ги спои Битола и Истанбул – реализиран концертот „Музички мостови“ (фото)

Под ѕвездите на Истанбул, во срцето на Кадиќој, три македонски уметници од Битола направија музички мост меѓу култури, емоции и времиња.Во величествената Ерменска католичка црква „Сурп Левон“ се одржа концертот „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ од Битола, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска.Настанот понуди богата музичка програма со дела од Шостакович, Доплер, Петровски, Фурстенау и Кларк, кои ја пренесоа универзалната моќ на музиката да зближува луѓе и традиции. Концертот беше повеќе од уметнички настап – беше емотивна разгледница од Битола, пренесена преку звук, срце и посветеност.Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул и се реализираше во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија. Проектот „Музички мостови“ е поддржан како дел од програмата на Културно-информативниот центар – Битола.Овој концерт останува запаметен не само како културен настан, туку како искрен гест на пријателство, поврзување и надеж. Од Битола кон Стамбол – со музика, љубов и почит.

More from ВестиMore posts in Вести »