Над с.Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски регистарски таблици, управувано од 25 годишник од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР.
По преземени мерки, утврдено е дека возачот не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци.
Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против возачот ќе бидет поднесени соодветни поднесоци.