Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во текот 03/04.05 во периодот од 21.00 до 03.00 часот по претходно подготвен план спроведоа акциска контрола во угостителски објекти и клубови во Битола.
Притоа во билјард клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ биле затекнати осум малолетници после 24.00 часот, потоа во билијард клуб лоциран на улицата „Булевар 1-ви Мај“ биле затекнати двајца малолетници после 24.00 часот, а додека пак во билјард клуб лоциран на улицата „Белградска“ затекнати биле уште 13 малолетници, при што кај седумина од нив било констатирано дека конзумирале алкохол.
По претходни известувања, малолетниците се предадени на родителите, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.