-Во мај 2015 година започна “Шарената револуција“ во Македонија и во Битола под мотото “Нема правда, нема мир“, а започна со протести поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Такви протести се одржува и во Битола. Поголема група граѓани тргнаа од фонтаната кај Музејот, преку Широк сокак, се уаптија до МВР, а потоа и пред Општина Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На тој протест во мај 2015 година битолчани масовно излегоа, a на крај толпата пред зградата на Општината, побара оставка од Владата и од локалната власт.
Протестот започна во 18 часот пред Офицерскиот дом во Битола, потоа граѓаните тргнаа по Широк сокак, се до зградата на СВР Битола и се упатија кон зградата на локалната власт. Видливо беше засиленото полициско обезбедување, но протестот помина мирно и без проблеми.
На протестите, според некои медиуми тогаш, учествуваа преку 3.000 граѓани на Битола, мажи, жени и деца. Демонстрантите извикуваа “убијци“, а носеа и транспаренти: „Полицаецу фрли го пендракот“ и “И јас сум Мартин“ и други.
Пред СВР Битола жените им делеа цвеќиња на полицајците.

Деновиве пред 10 години: започна “Шарената револуција“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување





