Press "Enter" to skip to content

Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)

Вечерва во Битола се одржа свечено отварање на “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во која војводата Делчев, македонскиот револуционер, великан на Македонското ослободително движење престојувал во 1901 година престојувал, а тоа е куќата на Ракиџиев, која се наоѓа во центарот на градот.

Куќата била во сопственост на Михаил Ракиџиев, во тоа време член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ,  има три простории кои целосно се обновени и реконструирани.-Куќата, Музеј е посветена на нашиот најголем апостол, на Гоце Делчев од денеска повторно е отворена за јавноста. Ви се заблагодарувал на сите кои сте тука вечерва, а ако мене ме прашувате јас не би го потенцирал настанот, бидејќи Делчев има само дата на раѓање. Во куќата, каде е реновиран ентериерот и ектерериерот, секој посетител која може да погледне оригинални документи и артефакти. Внатрешноста на куќата е целосно реновирана со нов лик на музејската поставка. Станува збор за три простории во кои се  изложени документи, текстови и изјави од периодот пред востанието, а во една просторија има восочна фигура на Гоце Делчев кој е покрај работната маса, рече директорот на Завод и музеј Битола, Зоран Николовски.На присутните им се обрати и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:-Токму денес на 122 годишнината од погибијата на нашиот мотив нив револуционерната борба Гоце Делчев, повторно, по неколку години ја отвораме спомен куќата како еден патоказ, кон деден спомен, кон враќањето на своите спомени. Како што многу пати зборуваме, човек кој не си ја познава својата историја и кој не ги почитува своите спомени како и да не постои. Благодарност за Завод и Музеј кој по многу години повторно ја отвори оваа спомен куќа. Со ова Битола не добива само историски споменик, туку и нова туристичка понуда која може да се посети, посветена на апостолот на револуционерна борба.За тоа дали ги живеее идеалите на Гоце Делчев и Илинденците, Коњановски додаде:

-Мојата генерација ги живееше, сериозно, а на овие денешни генерации ни треба да им го пренесеме богатството кое го имаме, а еден од нив тоа е Делчев, кој лик кој не треба да ги делиме и најмалку да си поигруваме со него и да ги пренесуваме и живее пораките од него.По повод денот на смртта на Делчев кај неговата биста цвеќе положија градоначникот на Коњановски, во име на Советот на Општина Битола – Бојан Бојковски.Цвеќе положи ректорот на УКЛО Битола – проф. д-р Игор Неделковски, како и делегации на Сојуз на борци Битола, на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, СДС Битола, Левица, УСМ на ВМРО-ДПМНЕ и Социјалдемократската младина на Македонија…

Во куќата од оваа вечер беше изложена и уметничка слика со портрет на Гоце Делчев, изработена од битолскиот ликовен уметник Борислав Траиковски, подарок од семејството Главинче.-Естетски и визуелно Музејот е значително подобар и побогат, целосно нов и отворен за јавноста која почнува од утре со посета на ученици, истакна Зоран Николовски, директор на НУ Завод и Музеј-Битола.Спомен куќата и музеј посветен на Гоце Делчев, прв пат беше отворена на 4 мај 1988 година, а меѓу значајните експонати е и револверот на Делчев подарен на семејството Ракиџиеви, потоа Споменица на Ракиџиев од 1903 година, Правилник за четите на ТМРО.Изложена е и теписерија за семејството на Ракиџиев изработена додека бил во затвор во 1905 година, како и мапи и други материјали.Вечерашниот промотивен настан беше заокружен со уметничка програма во изведба на членовите на КУД  „Гоце Делчев“ од Битола.

Сашо Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »