На 05.05.2025 во 13.30 часот во СВР Битола, К.В. (59) од Битола пријавил дека на бул.„1 Мај” му било одземено неговото патничко возило „опел корса” со битолски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за расчистување на случајот.
На 05.05.2025 во 18.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на магистрален пат Битола- Прилеп, во близина на надвозникот со село Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 25 годишно лице од Битола, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на возраст од 61 година од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 05.05.2025 во 15.15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Дихово, битолско, била пронајдена граната. Од пиротеничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско производство од Втората светска војна.