На 06.05.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 18 години и еден малолетник, сите од Битола.
Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.