Press "Enter" to skip to content

Битола, град домаќин на најновото издание на “Креативен ден 2025“ претставување на учесниците од средни стручни училишта од областа на модата и текстилот

“Креативен ден 2025“ е четврта година поддршка за модните таленти, тоа е прослава на младинската креативност и модниот образовен сектор во Македонија. Организирано од продукција “Божиловиќ“, која оваа година слави 20 години од своето постоење, настанот ги обединува сите средни модно-текстилни училишта од државата, со нивните професори и ученици.

Весна Божиловиќ за овој голем настан за кој подготовките се во полн ек кажа:

-Креативен Ден е платформа која на младите модни таленти им овозможува да го покажат својот потенцијал, креативност и труд пред јавноста и претставниците на индустријата. Ова е настан кој не само што ги афирмира учениците, туку и ги поврзува со бизнис секторот, кој е важен партнер за нивната иднина.

Кои училишта учествуваат на Креативен ден 2025 ?

-На овој уникатен настан учествуваат сите средни стручни училишта од областа на модата и текстилот, кои ќе ги претстават своите најкреативни проекти, инспирации и таленти. СОУ „Ѓорче Петров “ Прилеп СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп каде директор е Жанета Видевска. Професор е  Јулијана Поповска, а ученик е Анастасија Јандреска. Моден дизајнер е Мирјана Ванчева, а модел модел е Андријана Дукоска.

СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп оваа година со свој тим ќе учествува трет пат на „Креативен ден“ кој има цел да ги промовира младите таленти во модниот дизајн и да ја подигне свеста за важноста на креативните индустрии како и надминување на стереотипите за текстилната струка во средното стручно образование. Настанот на учениците им овозможува да ги применат теоретските и практичните знаења и да се изразат преку модниот дизајн. Овој настан има клучна улога во нивниот личен развој, бидејќи ги поттикнува да размислуваат критички, да создаваат со страст и да ја развиваат својата самодоверба. Преку работата на сопствени креации, во соработка со моден дизајнер под менторство на професор, тие развиваат креативност, тимска работа, комуникациски и предприемачки вештини во модното креирање. „Креативен ден“ ги обединува учениците, професионалците и ентузијастите од областа на модата и уметноста, создавајќи платформа за размена на идеи и инспирација. Искуството од учество на „Креативен ден“ е исклучително важно за учениците  – не само како дел од нивното образование, туку и како чекор кон нивна лична и професионална изградба. За нивното учество изјавија:

-Улогата е промоција на училиштето и текстилната струка Учеството во оваа прослава значи ново искуство, размена на идеи со други учесници од други училишта и можност да се претстават учениците од текстилната струка пред пошироката јавност. Ги подготвуваме и теоретски и практично и овие воннаставни активности се добри за нивниот професионален развој од повеќе аспекти интеракција, размена на искуства, размена на идеи, доближување до бизнис секторот како можност за нивно идно вработување, поголема самодоверба и дружење со други учесници.

-Соработката помегу бизнис секторот и училиштето е солидна од причина што преку задолжителниот предмет учење преку работа кај работодавач имаат можност да го научат целиот процес на изработка на облека во индустриски услови а воедно и можност за нивно идно вработување. Ова го поткрепувам со доказ бидејки нашите ученици после завршување на средното образование засноваат работен однос со бизнис секторот од текстилна струка, додава Божиловиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »