Press "Enter" to skip to content

СВР Битола го одбележа, 7 мај, Денот на Македонската полиција 

СВР Битола и оваа година традиционално како и Министерството за внатрешни работи продолжува заедно со граѓаните да го чествува Денот на македонската полиција – 7 Мај.По тој повод, денеска  Кабинетот на СВР Битола и сите припадници на полицијата при СВР Битола за одбележување на празникот  положуваа свежи цвеќиња пред споменикот на бранителите СВР Битола и пред споменикот „Анѓел” пред градскиот часовник.Исто  така, вратите на СВР Битола и останатите ОВР и полициски станици беа отворени за сите граѓани  за посета, а посебно за најмладите деца од градинките и училиштата како од Битола така и во останатите ОВР при СВР Битола.Со прикажување на опремата и возилата најмладите денеска се запознаа и со улогата на чичко полицаец.

More from ВестиMore posts in Вести »