Press "Enter" to skip to content

Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола уште еднаш воспостави мост на поврзување меѓу академијата, стопанството и пазарот на труд, во просториите на Факултетот се одржа “Саемот на кариера 2025“.Настанот беше организиран со цел да се создаде платформа за директна комуникација помеѓу студентите и претставниците од ИТ индустријата, како и за промовирање на професијата ИТ инженер – една од најбараните и меѓу најатрактивните на денешниот пазар на труд.-Нашиот Факултет веќе се етаблира како институција која е мост во создавањето на врска помеѓу стопанските и нестопанските субјекти, од една страна, и нашите студенти, идните инженери од компјутерски науки и комуникациско инженерство, од друга страна. Токму ова е основната причина што ФИКТ по трет пат го организира овој Саем со надеж и верба дека под ист покрив истовремено ќе ги спои знаењето, искуството, младоста и желбата за напредок, посочи деканот, проф. д-р  Благој Ристевски.Соработката на ФИКТ со приватниот, јавниот и невладиниот сектор е составена од специфични активности коишто имаат образовна, практична и развојна димензија и се насочени кон промовирање на одржливо меѓусебно партнерство.На Саемот од име на УКЛО  се обрати проректорката, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска заменик министерот за финансии проф. д-р Николче Јанкуловски и претседателот на Факултетското студентско собрание, Илчо Јанкулоски.Присутните имаа можност да посетат штандови на повеќе ИТ компании и други партнери и соработници од опкружувањето кои го презентираа својот опсег на работа, отворени позиции за пракса и вработување, како и можности за соработка со академскиот сектор.Посебно место во агендата зазеде панел дискусијата на тема: „Етика во вештачката интелигенција“, на која се отворени клучни прашања поврзани со етичките дилеми, одговорноста при користењето на овие технологии и потребата од интегрирање на хуманистичките и технолошките пристапи во современото образование и истражување.Настанот го привлече вниманието и на средношколците од регионот, кои имаа можност одблиску да се запознаат со студиските програми на ФИКТ, како и со широките кариерни перспективи.Присуството на претседателот на Сенатот наУКЛО, вонр. проф. д-р Филип Поповски, дополнително го нагласи значењето што Универзитетот го придава на ваквите настани, кои се од стратешка важност за студентите, академската заедница и унапредувањето на соработката со реалниот сектор.Денес пред средношколците и стуентите се претставија компаниите РЕК “Битола“, “Кромберт и Шуберт“, “КС Групацијата“, Р2Р“, “Минт“, Општина Битола, Агенција за поттикнубање на развојот на земјоделието“, УКЛО Битола, “Микросан“, “Рино“ и други…

Е. Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »