Press "Enter" to skip to content

Во Сиднеј помен за Гоце Делчев и прославен денот на мајките

Во неделата на 4 мај во населбата Менај во Сиднеј во присуство на повеќе пензионерски групи и во оганизација на управата на групата “Менај“ преседателката Славица Котевска со нејзините помагатели свечено беше обдележан денот на смртта на нашиот голем Македонец и револуционер Гоце Делчев како и денот на Мајките.

Програмата ја отвори Претседателката Славица која имаше поздравен краток говор до присутните, а  потоа Тоде Кабровски прочита пригоден реферат за животот и делото на Гоце Делчев.

Инаку, групата “Менај“ постои повеќе од 25 години се среќаваат еднаш неделно во вторник, а времето го поминуваат во играње пеење, мажите играат шах или карти и секогаш организираат прошетки на подолги релации до Канбера и на други места.

Славица Марцевска

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »