На 09.05.2025 во 02.50 часот во СВР Битола, Ф.И. (43) и О.Р. (43), двајцата од Битола, пријавиле дека нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку други малолетници, при што се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 08.05.2025 во 19.20 часот на ул. “Карпош“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода тројца малолетници затоа што при преглед кај нив , кај еден од нив била пронајдена марихуана.По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 08.05.2025 во 11.10 часот во СВР Битола, 30 – годишна битолчанка, пријавила дека, по претходна расправија, нејзиното момче од Битола физички и со дрвен предмет ја нападнало и со употреба на сила извршило обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 08.05.2025 во 19.30 часот во СВР Битола, М.Ј. (38) од Битола пријавил дека во основното училиште во кое учела, неговата малолетна ќерка во повеќе наврати била физички нападната од наставничката. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот