Битола во мај 2015 година, само за една седмица, остана без две свои битолски легенди, кои оставија голема трага во градот, кои никогаш нема да бидат заборавени, ќе се раскажува за нив, а ќе бидат сместени во секоја посериозна хронолигија на Битола. Тоа беа моите пријатели, новинарот Димитар Димитровски – Такес и адвокатот Сотир Главинче. Имаа многу “професии“, но ете ги именувам само по една кој која беа напознати и им беа професионални определби, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На плочникот на Широк Сокак од 1 мај 2015 година го нема Димитар Димитровски –
Такец, човекот кој и во својата 93 година од животот битолчани имаа можност да го видат секој ден, како потпрен на неговиот бастун, се одмараше и собираше сила да ја испешачи својата позната патека. Скромно, само во кругот на членовите на неговото најтесно семејство и пријателите со кои секојдневно другаруваше, во семејната гробница, која претходно ја имаше подготвено, беше погребан Димитар Димитровски – Такец.
Такецот се пензионира како новинар, а за себе велеше дека не знае што е повеќе, новинар, поет, уметник, кант автор, публицист, документарист. Но секогаш сакаше да биде
запамтен единствено како Такец. Таков беше, таков и остана. Неговото име беше и ќе остане
заштитен знак на Битола, а беше еден од доајените, не само на битолското новинарство, туку и на македонската журналистика.
Иако, откако во 1985 година се пензионира, поминаа децении, тој не престана да пишува.
А негова вечна тема беше Битола. Во 2014 година за роденденот на Битола, празникот 4 Ноември, Такецот на својот град, му подари луксузна книга, на цели 1.000 страници, насловена како “Перфомансите на Широк Сокак“, за која во негов стил велеше дека ќе биде библија на градот.Десетина минути пред полноќ, меѓу 5 и 6 мај, на 88-годишна возраст почина Сотир Главинче. На Буковските гробишта во Битола беше погребан скромно без говори, но во присуство на голем број негови пријатели и роднини. Тогаш, прашав дали беше негова желба “на оној свет“ да го испратиме без да кажеме барем некој збор? Не беше тешко да сфатам дека скромноста беше негова животна девиза. Веројатно, затоа, сите посакаа Сотир и покрај неговата големина да замине скромно и тивко, како што живееше.
Тешко ми беше тогаш, а и сега ми е тешко е да почнам да го опишувам неговиот животен од, зашто тој е полн со разновидни активности на повеќе мегдани. Беше судија, адвокат, спортски работник, голем активист во Адвокатската комора на Југославија и Македонија, граѓански активист водејќи повеќегодишна борба за тоа како да се зачуваат спомените за старата Битола и како да изгледа новиот град, градот во кој ја мина и младоста и доживеа длабока старот, градот што неизмерно го љубеше.
За Сотир мојот голем приател, ќе напишам нешто со што ќе се обидам да кажам како го доживував овој харизматичен човек, неуморен работник, човек со ретко видена интелегенција, полн со знаење, човек кој беше вистински политички, општествен, економски правен аналитичар и ако негова опсесија не беше пишувањето колумни, коментари и остврти. Да го правеше тоа, убеден сум дека ќе беше ненадминат и на тоа поле. Ќе беше успешен како што беше успешен и како судија и како адвокат, без некој да се навреди, навистина беше баран за најтешки случаи.Имаше дарба за се. Затоа со задоволство со него се дружев педесетина години. Ми беше и
пријател и другар иако беше од мене постар петнаесетина години. Но, најмногу ми беше учител. Од него научив се, особено од новинарството зашто и тој во раната младост беше новинар. Речиси немаше ден да не бидеме по некој час заедно. Особено кога двајцата бевме активисти во Здружението на возачите во Битола. Јас, Сотир, всушност тука го запознав и така почнавме да се дружиме, се до неговата смрт во 2015 година.