Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: семејно насилство и агресивно однесување кон полицајци, физички напад, нарушување на јавниот ред и мир

На 12.05.2025 во 02.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 58 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон членовите на семејството и кон полициските службеници кои вршеле службена дејност. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.05.2025 во 14.30 чaсот во СВР Битола, 59 годишник од Битола пријавил дека на ул.“Генерал Васко Карангелевски” во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.05.2025 во 09.05 часот на ул. „Девеани” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 35 годишно лице од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »