-Гробницата од Кутлеш (денешна Вергина, Грција) е едно од најзначајните археолошки откритија од античка Македонија. Таа е дел од кралската некропола на македонските кралеви и се смета дека припаѓа на Филип II Македонски, таткото на Александар Велики.
-Артефакти кои го одземаат здивот, се наоѓаат во Музејот на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина на 150 километри од Битола и 80 километри западно од Солун.
-Осветлени со светла тие мистериозно зборуваат, и не само што даваат увид во животот и смртта на македонските кралеви, туку и го осветлуваат културниот, уметнички и политички контекст на тоа време. Исто така мистериозно зборуваат за еден период на животот во Кутеш – Вергина, значајна археолошка локација и местото каде што се наоѓа гробницата на Филип II, таткото на Александар Македонски.
-Археолошкиот локалитет на Ајга, кој вклучува и музеј, е внесен во листата на светско наследство на UNESCO.
Денешната Вергина, поранешен Кутлеш е местото на остатоците од Ајга, древен град кој бил прв престол на Македонската империја, кој се наоѓал во регионот на северозападна Грција, во денешната област Вергина или поранешен Кутлеш, која е сместена во близина на реката Вардар (или Аксиос). Вергина е важна археолошка локација, а посетителите можат да ја видат гробницата на Филип II, како и други значајни археолошки наоди од античкиот период.
Влезот во комплексот е 20 евра, но тоа што ќе го видите остава длабоки впечатоци, а влезниците за двата музеи и за музејот на отворено на околу еден километар над Вергина.
Гробниците на македонските кралеви, особено на Филип II и Александар Велики, се од огромно значење за историјата и археологијата на древната античка Македонија.
Освен Филип II и Александар Велики, постојат и други значајни македонски кралеви чии гробници се пронајдени во различни археолошки локалитети. Некои од овие гробници се откриени во Пела, а други во Вергина (Кутлеш).
Гробниците на членовите на македонската кралска династија се импресивни, со богатство и скапоцености кои ги одразуваат нивните високопозициони статуси и моќ.
Во подземната гробница на Филип II се пронајдени златни накити, оружје, оружја за битка и други скапоцени предмети. Многу од уметничките дела пронајдени во гробницата, како што се сребрени и златни предмети, наметнуваат дека Филип II бил високо почитуван и богат владар.
Најпознатиот наод е златната маска која се смета за маска на Филип II, иако постои некоја дебата дали тоа е навистина неговата маска.
Покрај неа се пронајдени и златен ларнакс (кутија) со сонцето од Вергина (македонско сонце) – во кој биле положени кремираните остатоци на маж (се смета дека е Филип II), златен венец од дабови лисја – симбол на македонската кралска моќ, оружје, бронзен оклоп, шлем, и украсени садови. Откриен е втор ларнакс со остатоци од жена – се претпоставува дека е седмата сопруга на Филип, Клеопатра или тесна роднина.
Гробницата на Филип II, таткото на Александар Велики, е едно од најважните археолошки откритија од античка Македонија. Таа била откриена во 1977 година во Кутлеш Вергина, која била престол на македонските кралеви пред да се премести престолот во Пела.
Гробницата на Филип II е изградена во форма на купола и има големи величествени димензии. Тоа е познато како погребен маузолеј и се смета за еден од најдобро зачуваните примери на погребни структури од класичната ера. Гробницата има облик на крст и е изградена од големи каменички плочи.
За разлика од Филип II, гробницата на Александар Велики не е пронајдена во Македонија, и неговото конечна место на покој останува мистериозно. По смртта на Александар во 323 п.н.е. во Вавилон (денешен Ирак), неговото тело било превезено назад во Македонија. Постојат неколку теории за тоа каде е неговата гробница.
Најпознатата теорија вели дека Александар бил погребан во Вавилон, во голем погребен комплекс на кој се работело повеќе децении. Во Вавилон, неговото тело било ставено во златна саркофаг и ставено во импозантен маузолеј. По неговата смрт, телото на Александар било пренесено низ различни региони, и постои контроверза за тоа дали тој бил погребан во Вавилон или на некоја друга локација. Тоа било дел од борбите за контрола на неговото наследство по неговата смрт, и тоа е една од причините, зошто точната локација на неговата гробница е сè уште непозната.
Градската акропола на Кутлеш се наоѓа на околу еден километар над Вергина, а според археолошки наоди на акрополата се откриени остатоци од стари објекти, како и делови од одбранбени ѕидови кои го штителе градот. Овие ѕидови, заедно со природната географска предност на ридот, му обезбедувале значителна одбрана.
Акрополата била место на храмови и јавни простории каде што се одржувале важни церемонии и политички состаноци. Овде се верува дека се наоѓал и храмот на Аполон.
Стратегиски значај е огромен поради своето географско и стратегиски важна локација, акрополата на Вергина играла важна улога во контролирањето на околните територии и во заштитата од надворешни напади.
Во Вергина е отворен е новиот Полицентричен музеј на Аиге (Polycentric Museum of Aigai), кој претставува значајна надградба на археолошкиот локалитет и музејот на кралските гробници. Музејот беше официјално отворен на 19 декември 2022 година од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој го опиша како „важен придонес за развојот на глобалното културно наследство“ .
Полицентричниот музеј е дизајниран како концептуален влез во археолошкиот локалитет и историјата на Ајга, македонската култура и хеленистичкиот свет. Новиот музеј ги обединува палатата на Филип II, кластерот на кралските гробници и музејот на кралските гробници.
Музејот е дизајниран како мултифункционален простор кој ги интегрира овие елементи во единствена целина, создавајќи нов динамичен пристап кон археолошкиот локалитет и неговото значење.
Дополнително, музејот служи и како дом за Цифричниот музеј „Александар Велики: од Аиге до светот“, кој нуди виртуелно патување низ историјата на Александар Велики и неговото наследство.
Музејот нуди шест главни изложби: „Прозорец во светот на Александар Велики“ – воведна изложба која го поставува контекстот на македонската историја. „Спомени од Аиге“ – централна изложба која ги прикажува најважните наоди од ископувањата. „Архитектура на реконструираниот дел од палатата“ – фокусирана на архитектонските детали на обновената палата. Изложба на скулптури – прикажува антички скулптури од Аиге. „Ecumenis Antidoron“ – привремена изложба подготвена во соработка со Нумизматичкиот музеј и колекционерот Теодорос Араванис. „Сеќавање на материјата“ – уметничка изложба со дела на сликарот Христос Бокорос.
Инаку, во Кутлеш и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како „македонско сонце“ или „ѕвезда од Кутлеш“. Овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде каде што живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница. 
Кога сте во овој регион на Грција треба да се посети и Науса, туристичко место кое се наоѓа во близина на Верија. Ова место е најдобро по својата убавина, познато по зелени и автентични ресторани кои нудат традиционална грчка кујна.
Посетителите можат да уживаат во различни активности што се пешачење, разгледување на историски локалитети, но и запознавање со локалната кујна. Околните региони на Науса се познати и по лозјата и винарниците, па може да се најдат некои од најдобрите вина на почетокот. Ако планирате излет, Науса е сигурно место кое нуди мирна атмосфера и природни убавини.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска






