Press "Enter" to skip to content

Формирано Младинско собрание за праведна транзиција

Со поддршка на пријателите на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, Младинскиот културен центар МКЦ – Битола и ЕКО свест – Скопје, на УКЛО се формира Младинско собрание за праведна транзиција во кое се вклучени 15-тина студенти од единиците на Универзитетот.Собранието ќе делува во рамки на Универзитетскиот хаб за тројна транзиција, формиран на УКЛО како дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, со можност во неговата работа да се вклучат средношколци и млади луѓе од граѓанскиот сектор од регионот.-Во хабот младите ќе можат да работат на различни иницијативи и идеи кои потоа ќе бидат пренесени до носителите на одлуки на локално и национално ниво, истакнува проректорката Јасмина Буневска Талевска.Според учесниците, интенцијата е да се вклучат локалните чинители и особено младите, во она што се прави на централно ниво во поглед на енергетската транзиција и економскиот развој на регионот.На настанот, кој се одржа благодарение на КРЕДО центарот на УКЛО, свои излагања поврзани со одржливиот развој, праведната транзиција, улогата на општината во енергетската транзиција, покрај проректорката Јасмина Буневска Талевска изнесоа и
академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска,
проф. д-р Наташа Мојсоска и Емилија Сарафска.Пред присутните се обрати и Борис Гушевски, студент од Техничкиот факултет – Битола, кој смета дека формирањето на Младинско собрание за праведна транзиција е можност младите да се активираат и да станат чинители во развивањето на зелената свест. 

More from ВестиMore posts in Вести »