Press "Enter" to skip to content

Илија Абутовиќ останува во Битола и следната сезона, ќе командува со одбраната на Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер попладнево информира дека постигна договор за продолжување на соработката со дефанзивецот, српскиот интернационалец, Илија Абутовиќ. Тој и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на тимот.

Илија Абутовиќ кариерата ја започна во Спартак Суботица, а има настапувано и за  Партизан и Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум годиним од каде продолжи во Бундеслигата, во клубот Рајн Некар Левен. Во Битола дојде од Шартр.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »