За уписи во средните училишта во општина Битола за учебната 2025/2026 година, предвидени се два уписни рокови:
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
-Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
-Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
-Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
Битолските средни училишта ги нудат следните образовни профили:
СОТУ „ Ѓорѓи Наумов “
-Машинска струка – четиригодишно образование
-Техничар за компјутерско управување
-Машински техничар/Машинско енергетски техничар
-Машински техничар за моторни возила
-Машинска струка – тригодишно образование
-Заварувач/бравар-браварка
-Електротехничка струка – четиригодишно образование
-Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
-Електротехничар за електроника и телекомуникации
-Електротехничар енергетичар
-Техничар за индустриска мехатроника
СОУ „ Таки Даскало “
-Гимназиско образование
-Природно-математичко подрачје
-Општествено-хуманистичко подрачје
-Јазично – уметничко подрачје
-Графичка струка/сектор графичарство
-Графички уредник-дизајнер
-Графички техничар
-Печатар
-Сообраќајна струка/сектор сообраќај, транспорт и складирање
-Техничар за патен сообраќај
-Техничар за транспорт и шпедиција
-Текстилно-кожарска струка/сектор текстил, кожа и слични производи
-Техничар за дизајн на облека/Техничар за изработка на облека
-Геолошко-рударска и металуршка струка/сектор геологија, рударство
и металургија
-Геолошко рударски-техничар
-Градежно-геодетска струка/сектор градежништво и геодезија
-Архитектонски техничар/Градежен техничар
-Угостителско-туристичка струка/сектор угостителство и туризам
-Хотелско – туристички техничар
-Струка/Сектор лични услуги
-Техничар за козметичка нега и убавина
СОЕУ „ Јане Сандански “
-Сектор Економија, право и трговија
– Економски техничар
-Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг
СОЗУ „Кузман Шапкарев “
-Сектор Земјоделство, рибарство и ветеринарство
-Агротехничар за традиционално и органско производство/техничар за ветеринарна медицина
СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито “
– Гимназиско образование
-Природно – математичко подрачје ПМА
-Природно – математичко подрачје ПМБ
-Општествено – хуманистичко подрачје ОХА
-Општествено – хуманистичко подрачје ОХБ
-Јазично – уметничко подрачје ЈУА
-Јазично – уметничко подрачје ЈУБ
СОМУ „ Д-р. Јован Калаузи “
-Сектор Здравство и социјална заштита
-Медицинска сестра
-Фармацевтски техничар
-Физиотерапевтски техничар
-Гинеколошко – акушерска сестра
-Забен техничар
-Лични и други услуги
-Техничар за очна оптика