Матурантите денес 16 мај седнаа во училишните клупи за последен пат и емотивно се разделија од местото каде поминаа 4 средношколски години и денови исполнети со најразлични емоции. 4 години исполнети со учење, дружење, заљубување, забава. Сите си споделија мислење дека не им се верува дека денешниот ден е последен и сите овие години некако како да им летнаа низ сите искуства кои што ги поминаа.
Но денот беше посебно емотивен и со музика традиционално како и секоја година матурантите играа и пееја во дворот и холовите на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола. Се приклучија и дел од професорите кои како и во овие 4 години беа и сега заедно со нив.
Секој се разделуваше на посебен начин со потпишување на блузи, тука беше и неизбежното фотографирање, раскажувањето на најинтересните моменти. Матурантите овие денови се подготвуваат за матурската прослава која ќе се случи на 21 мај, а потоа и за матурските испити кои ги очекуваат.
Фото: Дамијана Ристевска

Последен училишен ден за матурантите од Горната Гимназија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





