Press "Enter" to skip to content

Привремена суспензија за Раководител на сектор во Општина Битола

Почитувани, Како градоначалник на Општина Битола, многу пати досега јавно сум истакнал дека почитувањето на законските регулативи и принципите на транспарентност и одговорност се темел на работењето на локалната самоуправа. Тој став не е само декларативен, туку доследно се применува и во конкретни случаи.

Во тој контекст, ја информирам јавноста дека против едно административно лице, вработено во општинската администрација на работна позиција Раководител на сектор, е поднесена кривична пријава од страна на надлежни институции. Во согласност со важечките прописи и внатрешните процедури, донесена е одлука за привремена суспензија на лицето од работното место, додека трае постапката.

Оваа мерка е преземена со цел да се обезбеди непречено одвивање на институционалните процеси и да се зачува интегритетот на општинската администрација, односно неговото натамошно присуство во институцијата, додека трае постапката, штетно ќе се одрази врз институцијата, со што ќе го оневозможи утврдувањето на одговорноста.

Суспензијата е административна постапка додека трае процесот пред надлежните органи, со цел да се обезбеди транспарентност и непристрасност во работењето. Општина Битола и понатаму ќе делува согласно законите, без исклучоци и без селективност и останува целосно посветена на почитување на законитоста, транспарентно работење и соработка со сите надлежни институции во интерес на граѓаните. Правда мора да има, само преку доследна примена на законите и одговорност во работењето.

Со почит,

Градоначалник на општина Битола,

Тони Коњановски

More from ВестиMore posts in Вести »