Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Приведен малолетник кој уценувал маж со експлицитни фотографи, се претставувал како жена

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола лишија од слобода  16-годишник од село Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола.

Малолетникот заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од оштетениот откако во комуникацијата преку социјална мрежа се претставувал со лажен женски идентитет. 

Малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »