Денес во Центарот за култура – Битола започнува 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата. Под мотото „Еден збор, еден свет“, публиката ќе има можност да ужива во 10 монодрами од 9 земји и сето тоа во 7 незаборавни вечери.
Свеченото отворање на 26-тиот Интернационален фестивал на монодрама – Битола ќе биде обележано со исклучителна уметничка изведба, а тоа ќе биде „Д (како Дездемона)“ – современ танц во кореографија и режија на Рисима Рисимкин.
По премиерата во Скопје, ова е ретка можност да се види претставата и во Битола. Танц што зборува за тишината, љубовта и судбината на Дездемона од Шекспировиот „Отело“. Претставата ја отвора програмата на фестивалот и ни претставува уметничка форма која ретко ја гледаме на нашата сцена – современ танц во највисока продукција.