Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Фатен на дело крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот

На 17.05.2025 во 01.10 часот на ул. „Македонски Гемиџии” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода  лице од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување кражба во плац на правно лице, по што украденото било вратено на сопственикот. 

Лицето било задржано во Полициска станица Битола, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »