-Во турбулентната 2015 година, пред 10 години, во мојот новинарски бележник е запишан еден голем мирен протест, кој се одржа во Битола, во знак на поддршка на безбедносните сили, по настаните во Куманово, поточно во “Диво насеље“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајде на битолското новинарство.
Во мај, неколку илјади битолчани и дадоа безрезервна поддршка на македонската полиција, која учествуваше во елиминирањето на терористичката група во Куманово. Мирниот протест, кој се одржа во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
Протестот започна од пред Заводот и музеј – Битола, а учесниците на протестот покрај организаторите ги поведе и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, а на протестот учествуваше и митрополитот г. Петар.
Колоната од неколку илјади битолчани се движеше по Широк сокак, се до споменикот на паднатите бранители “Ангел” пред Градскиот часовник.
Протестот, кој се одвиваше во мирна и достоинствена атмосфера, заврши пред споменикот на бранителите “Ангел“, каде симболично на еден припадник на македонската полиција организаторот му подари македонско знаме.






