Press "Enter" to skip to content

Пионерите на Еурофарм Пелистер 2 во финале против Охрид, во полуфиналето во Битола го победија Алкалоид (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 19:15 (9:3)

Пионерскиот тим на Еурофарм Пелистер 2 денес на пладне во Битола обезбеди финалето од завршницата од сезоната во пионерската лига во Македонија. Битолските пионери на првиот натпревар од Ф4 го совладаа Алкалоид со 19:15 во натпревар во кој не дозволија изненадување.Избраниците на Игор Николовски и Кире Поповски се на чекор до шампионскиот трофеј, а во финалето ќе играат против врсниците од Охрид.Уште во почетните минути пионерите на Еурофарм Пелистер со одлична игра во одбраната  го прашањето на победникот, а целата игра беше на високо ниво. Гостинските ракометари долго време имаа проблеми во фазата на напад и 18. минута имаа само еден постигнат гол. Еурофарм Пелистер 2 одлично го искористи тоа и создаде  висока предност од седум гола 8:1. На полувреме се замина со предност на пелистерци од 9:3.Во вториот дел Алкалоид имаше неколку обиди да се врати во игра, но не успеа да ја анулира високата негатива и запиша пораз од 19:15. Сите ракометари на Пелистер покажаа голема желба, го посакуваа и дојдоа до финале.Кај Еурофарм Пелистер е најефикасни беа Христовски и Мачковски, додека за гостите се истакна Петрушевски.Во второто полуфинале играат екипите на Вардар 1961 и Охрид, а победник беше екипата на Охрид.Финалето ќе се игра денес во 18,30 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“, влезот е слободен.

Фото: Дамијана Ристевска