-“Еден збор – еден свет“ слоган на 26. ред итернационален фестивал на монодрама во Битола, а по свеченото отворање се одигра “Д -како Дездемона“ танцов перформанс на Рисима Рисимкин.
-10 монодрами од 9 земји од светот на репертоарот во текот на 7 денови, театарски работилници, циркуски и театарски артисти и шоуа во ОФФ програмата.Вечерва на свечен начин беше отворен 26. по ред Интернационален фестивал на монодрама. на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ на Народниот театар во Битола со изведба „Д -како Дездемона“.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го прогласи за отворен на сцената на Народни0т театар од Битола.
-Голема чест и задоволство е да ви посакам добредојде на отворањето на 26. издание на фестивалот на монодрама, културен настан во низ годините израсна во препознатлив симбол и бренд на Битола, на нашиот град, на нашата држава како и на меѓународно ниво. Монодрамата претставува предизвик за актерите и доживување за публиката преку силата на зборот и актерската изведба. Токму затоа овој фестивал е посебен. Тој не само што го слави тетатарот туку и храбороста на индивудуата да застане сама пред светлата на сцената и да ја раскаже својата приказна. Битола се покажа како совршено место за овој фестивал, кој ја збогатува културната сцена, Битола е град на отворената сцена веќе 25 години. Актери одново и одново се враќаат во Битола, а вечерва има актери од девет држави.
Директорот на Центар за култута Битола, Влатко Илиевски на вечерашното отворање на присутните на фестивалот меѓу другото рече:
-Слоган на овогодинешниот фестивал е едноставен, но длабок: “Еден збор – еден свет“. Во овие неколку зборови се крие целокупната магија на монодрамата, како уметничка форма коа ja има силата да создаде целосен свет со само еден актер, со само еден изговорен збор. Тоа е моќта на театарот – да го претвори наедноставниот израз во нешто што ќе го разбуди нашето размислуваье, ќе го допре нашето срце и ќе го промени нашиот поглед на светот.
Ги поздравувам сите учесници, гости од земата и странство и им упатувам благодарност до нив што j избраа Битола како место за ово значаен настан. Битола има долгогодишна традициза на театар и култура и за нас е голема чест да j одржуваме и поттикнуваме оваа традиција преку фестивалот. Нека оваа вечер биде почеток на патување низ нови перспективи, нови искуства и нови истражувана на човековата душа. Секо изведувач, секоа претстава коа ќе се случи во наредните денови, ќе ни понуди еден збор и еден свет што ќе ги дефинира следните моменти, давајки ни нови приказни, нови емоции и нови инспирации.
На крај, сакам да им се заблагодарам на Министерство за култура и туризам, Општина
Битола, партнерите и спонзорите кои го овозможија ово фестивал и секако на вас, драга публико, што сте тука да ги доживеете овие моменти на театарска магиа. Вие сте тие што го правите ова возможно и благодарение на вас, овие светови што ќе ги видиме на сцената, ќе живеат долго по завршувањето. Битола седум денови ќе биде фестивски град и публиката ќе може да види монодрами од девет земји од светот. Годинава, фестивалот ќе понуди 10 монодрамски претстави во официјалната програма, со учесници од 9 држави: Македонија, Полска, Литванија, Шпанија, Киргистан, Грузија, САД, Романија и Бугарија. Фестивалот има голем број на пријатели, но го има најначајното, верната публика од Битола. Фестивалот вечерва се отвори со „Д -како Дездемона“, танцов перформанс на Рисима Рисимкин, а во Битола ќе биде втора изведба, а следна ќе биде во Венеција, Италија.
Претставата е инспирирана од трагедијата на Вилијам Шекспир „Отело“ со посебен акцент на женските ликови во неговите дела. Настапуваат првенците на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска и Дејан Битровски, како и солистите Сара Димовска, Лука Ѓорѓиев, Давор Милев, Надја Луканова, Елена Терзиева и Ивона Маневска. Музиката е на композиторот Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ, а светло дизајнот на Милчо Александров.
Жирито оваа година е во состав Рисима Рисимкин од Македонија), Емре Ердем од Турција и Лаша Чхартишвили од Грузија ќе ги додели наградите за Гран-при, најдобар актер и најдобра режија.
Селекторот на фестивалот е познатиот и признат, наш битолчанец, Благој Мицевски. Визуелниот идентитет на фестивалот е дело на дизајнерот Сашо Илковски, а годинашниот слоган е: „Еден збор – еден свет“, што ја рефлектира суштината на монодрамата како уметност што зборува со една актерска интерпретација, но допира до многу светови.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска