Press "Enter" to skip to content

Во болница “Плодност“ се роди Максим, 300-тото, јубилејно, бебе во 2025 година

Во утринските часови, во болница “Плодност“ во Битола со спонтано породување на свет дојде малиот Максим,

-Најголемото значење на оваа бројка постигната за краток период во вториот квартал од годината е довербата која секојдневно ни ја укажуваат родителите од цела држава, рекоа од болница “Плодност“.

Заслугата за уште едно успешно природно породување, со кое ја “Плодност“ ја збогати својата статистика и целта кон која се стремат, а тоа е секое породување да се изведе природно таму каде што условите го дозволуваат, ја оддаваат на тимот предводен од д-р Ана Вангелов, д-р Маргарита Камбовска, прим. Д-р Владимир Ристевски и медицинските сестри Билјана Поповска Марковска, Тања Дукоска и Александра Димовска.

Секако, радоста за семејството е неизмерна.