Во текот на денешниот ден, 19 мај 2025 година јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола, успешно реализира значаен технички зафат, како дел од активностите за унапредување на водоснабдувањето во градот.
Во рамки на интервенцијата беа заменети пет овални затворачи со димензии фи 300 и фи 200, со што се подобрува ефикасноста и сигурноста на водоводната мрежа.Овие активности се дел од континуираните напори за:
-подобрување на водоводната инфраструктура
-обезбедување стабилно и квалитетно водоснабдување
-подобрување на услугите за нашите корисници.