Press "Enter" to skip to content

Битола град домаќин на “Креативен ден – 2025“, ги претставуваме учесниците од средните училишта СОУ “Богданци“ 

“Креативен ден“ ги обединува учениците, професионалците и ентузијастите од областа на модата и уметноста, создавајќи платформа за размена на идеи и инспирација. Искуството од учество на „Креативен ден“ е исклучително важно за учениците – не само како дел од нивното образование, туку и како чекор кон нивна лична и професионална изградба.

Низ повеќе објави ги претставувавме учесниците. Овој пат СОУ „Богданци“ – Богданци директор – Россица Шабанова. За нивното учество со два тима на „Креативен ден 2025“ таа изјави:

-Нашето училиште ќе се претстави со два тима. Првиот тим е во состав: Ирена Бојмалиев – моден креатор и наставник по стручни предмети во текстилна струка, Нопи и Љубица Димирџиеви – ученички и Мими Дуева – дама модел кој ќе ја носи креацијата. Тим 2: Весна Ристовска – моден дизајнер и наставник по стручни предмети во текстилна струка; Ангела Пеева – ученик и Сузана Трајковска – дама модел. “Креативниот ден- 2025“ во Битола е прекрасна можност за промовирање на текстилната струка не само од Битола туку и од Цела Македонија. Дизајнерите и учениците имаат можност да ги покажат своите вештини и креативност. Почестени сме што сме поканети да учествуваме како ваши гости. Учениците се презадоволни кога нивната креација ќе биде избрана да се претставиме на креативниот ден. Со огромен елан и задоволство работат нивната идеја да стане реален модел.Ирена Бојмалиев проф. ментор. Родена 13.02.1985 во Гевгелија, дипломиран конфекциски инжинер, технолошко – металуршки Факултет Скопје CEEPUS- студент во Лоџ Полска на факултетот за Текстилно инжинерство и маркетинг Сертифициран моден дизајнер на приватна академија за мода и дизајн во Скопје (Мулаж Техника) Од 2010 година работам со текстил во повеќе модни куќи и текстилни и компании како контрола на квалитет, менаџирање на процесот на производство ,технолошко- техничко одделение т.е документација и спремање налози, во CAD I CAM одделот за моделирање и градирање на шаблони итн. Денес вработена како професор во средно стручно училиште СОУ ‘Богданци” во текстилна струка и ги предавам стручните предмети. Во мојот криерен развој имам учествувано во многу ревии и добиено многубројни награди и признанија како и сопствена мулаж колекција.ЗА ДАМАТА

Мими Дуева (вработена како контрола во Текстилна компанија “Меркјури “која работи за светскиот бренд NORT FACE ,компанија со која што имаме меморандум за соработка и учениците од текстилната струка одат на практична настава и својата теорија ја надополуваат со практична изведба а најдобрите и ги задржуваат по нивното завршување на училиште, исто така и ја подржуваат текстилната струка со остатоци од материјали и репро материјал.Нопи Димирџивеа, ученичка во СОУ “Богданци“, текстилно-кожарска струка.

-Моја најголема страст е модата, а преку моите креации сакам да изразам уникатност, личен стил и уметност која раскажува приказна. Активно се занимавам со шиење и цртање на модни илустрации, и постојано се трудам да ја усовршувам својата техника. Креативноста е најдобриот начин да се изразиме и да ја споделиме нашата визија со светот. Креативен ден е можност за сите уметници да ја споделат својата визија, да инспирираат и да бидат инспирирани.  за мене представува едно големо искуство, каде што можам да научам многу и остварување на мојот сон а тоа е да допрам до вистинската мода со развивање на креативноста, предприемничкиот дух и таленот.Љубица Димирџиева, ученичка во „СОУ Богданци“ насока Текстилно-кожарска струка.

-Преку модата ја изразувам својата креативност, страст и визија, создавајќи уникатни дизајни кои раскажуваат приказна. Се занимавам со шиење и создавање модни илустрации, постојано истражувајќи нови техники и идеи. Креативен ден е простор каде уметноста се слави, идеите оживуваат, а инспирацијата се споделува. Секој учесник има можност да го покаже својот талент и да внесе дел од себе во оваа уметничка приказна и е голема можност за нас младите да ги реализираме нашите идеи ,креации итн. Нашата креација оваа година е инспирирана од богатата култура на Мароко. Наместо класичен фустан, одбравме да создадеме комбинезон што комбинира традиционални елементи со модерен стил. Главниот материјал е во сино-златни нијанси, кои симболизираат луксуз и мистичност. Како украсен детал, дизајнот вклучува традиционални монети кои додаваат автентичност на изгледот и наметката која е дополнета со златно –жолта трака и е главен симбол на ориентот и заштита на женската убавина.