Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 12:21 (6:10)
Пионерскиот тим на Охрид е државен ракометен првак во пионерска конкуренција откако во Битола ја совлада пионерската екипа на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 12:21, полувреме 6:10.Екипата на Кире Поповски и Игор Николовски не успеа да се доближи резултатски да се доближи до охриѓани, посебно откако еден од клучните ракометари се повреди на стартот на натпреварот.
Гостите од Охрид имаа резултатска предност во текот на целиот натпревар ја имаа контролата на натпреварот и не дозволија пресврт на натпреварот.
Пехарот на капитенот на Охрид му го додели градоначалникот на Битола – Тони Коњановски.
Пехарот на капитенот на Еурофарм Пелистер 2 му го додели секретарот на Општина Битола – Борче Димитровски.
Екипата на Вардар беше третопласирана екипа, во натпревар за трето место го надигра Алкалоид со 24:18, а пехарот им го додели претставникот на РФМ – Мајнов.
Покрај екипната титула охриѓани имаа и поединечни награди, а најкорисен играч (МВП) – беше Илија Трајчески, а пехарот му го додели капитенот на Еурофарм Пелистер и на македонската репрезентација – Филип Кумановски.
Најефикасен беше Илија Трајчески од Охрид, а наградата му ја додели директорот на Еурофарм Пелистер – Ѕвонко Шундовски.
Најдобар голман беше голманот Симон Јованоски од Охрид, а пехарот му го додели голманот на Еурофарм Пелистер – Никола Митревски.
Во идеалниот тим се најдоа уште Илија Трајчевски од Еурофарм Пелистер, Илија Трајчески од Охрид, Никола Никчевиќ (Вардар 1961), Марко Ѓорѓиевски (Алкалоид) и Димитри Колески од Охрид.
–Можеме да кажиме дека денес беше посебен празник на ракометот каде можеа да се видат многу млади надежи во ракиметната игра. Честитки до сите екипи и ракометарчиња од сите екипи. Ние како организатори сме горди што имавме еден ваков прекрасен ден исполнет со одлична игра, организација и фер и коректно навивање. Се гледаме на нареден нов настан, порачаа од Еурофарм Пелистер.