Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: судар на патничко возило и трактор – возачот на тракторот избегал, приведена жена за кражба во продавница,

На  20.05.2025 во 21.06 часот во СВР Битола е пријавено дека  на регионалниот пат Битола-Прилеп, кај мостот на река „Шемница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од 56 годишник од с.Горно оризари, битолско и трактор со приколка, по што возачот на тракторот го напуштил  местото на несреќата. Во несреќата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.  

На 20.05.2025. во 11.50 часот во продажен објект во Битола,  полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода  затоа што била затекната при вршење на кражба на производи. По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.