Press "Enter" to skip to content

10 години “Вила виста“ ги одбележа со прослава и отворање на апартманите (фотогалерија)

Синоќа со сечење на роденденска торта и со отворање на новите апартмани нашиот сограѓанин Бале Цветковски, заедно со семејството и вработените, и голем број деловни партнери и гости одбележа јубилеј, 10 години од отворањето на “Вила виста“.Свеченоста беше збогатена со промовирањето на уште еден нов дел во работењето на овој познат битолски бредн “Вила Виста“, а тоа се сместувачкиот дел, односно новите апартмани.Сопственикот Бале Цветковски за досегашното работење, новите сместувачки капацитети и плановите за наредните 10 години ни рече:-Изминатите десет години, морам да бидам искрен, ми поминаа многу брзо, и кога размислувам во тој правец, некако тешко прифаќам дека поминале точно десет години, или речено народски – како вчера да беше отворањето – започнувањето со работа на “Вила Виста“. Годините поминаа како и треба да поминуваат во бизнис. Напредувавме од година во година, работевме супер, работиме супер и ќе работиме така во иднина. Денес по десет години од отворањето отвораме нов дел во работењето, го отвораме сместувачкиот капацитет, малку доцниме, но никогаш не е доцна да го прошириме бизнисот. Кога отворавме пред 10 години ја немав визијата дека ќе биде како денес. Започнав со идеја овој објект да биде многу помал, мала пицерија со мала тераса, но сега сето тоа е многу поголем објект.-Моментално пазарот е многу тежок да се работи, посебно со кадарот, но еве кај нас можам да се пофалам дека најголем дел од вработените се скоро откако е отворен објектот, некои со стаж 10 или осум години кај нас, вели Цветковски, а за тоа какви гости се битолчани вели:-Битолчани како гости се “прибирџии“, гости со префинет вкус, но ние одговараме на сите нивни барања и се трудиме на секој да му “погодиме“, а тоа дека имаме голем број гости, не само вечерва кога прославуваме, туку и во текот на сите години добро сме се покажале кај напите сограѓани и гостите од други места.Овој пат за разлика од пред 10 години Цветковски ја има визија “во глава“ како ќе биде “Вила Виста“ по 10 години:-Имам план кој мислам дека ќе се оствари по 10 години. “Вила Виста“ да биде комплетно заокружен угостителски објект со сместувачки капацитети, со базени, сауни, џакузи, парк, детски игралишта и други помошни објекти. Сакам да им порачам на моите сограѓани што повеќе да го посетуваат ресторанот, да уживаат во храната и квалитетната услуга, во амбиентот, во околината, Пелистер е планина со убава природа во сите годишни времиња, а тука во “Вила Виста“ го имаат најубавиот поглед.Игор Бошевски е ресторанот “Вила Виста“ веќе десет години, а синоќа како и останатиот персонал беше гостин на нивната свеченост.-Во “Вила Виста“ сум десет години, а се вработив само по еден месец по отворањето. Да се биде шеф на еден ваков ресторан мене не ми преставува тешкотија иако има голем обем на работа. Имам желба за работа, а посебно кога се има добар тим за работа, а ние го имаме. Секоја гостин кој доаѓа кај нас во ресторанот сака да добие услуга на ниво кое го очекува, а ние одговараме на сите очекувања и желби на битолчани и другите гости.-Сите се поканети да ни бидат гости во ресторан “Вила Виста“, а ние како тим ќе се погрижиме за времето кое ќе престојуваат кај нас да си поминат најубаво, да се чуствуваат како дома, да уживаат во храната, да добијат квалутетна услуга и секако, да уживаат во погледот кој е единствен, порачува шефот Бошевски, кој му упати на порака и на газдата, се размислувам да ја напуштам работата, останувам тука и да сакаш да ме бркаш, ќе чекам пензија во “Вила Виста“.“Вила Виста“ има имиџ кој треба да го има секој рестотан, а тоа е квалитетна храна, секогаш одлично приготвена и сервирана и послужена. За тоа се грижат тим од специјализирани кувари. Зоре Ташковски е со најмногу стаж во кујната, а тука е од отворањето пред десет години.-Тука сум од отворањето на ресторанот, десет години заедно со Бале, а уште тогаш верував дека тој и ние со него ќе “стигнеме до тука“. За мене лесно беше да бидам кувар, ние подгоствуваме преубавава храна, која се јаде прво со очи, а потоа се вкусува. Нашите гости знаат дека ние нудиме голем асортиман на разна храна, која се наоѓа во нашето мени. Но, битолчани и сите гости нека не се срамат, нека порачаат јадење кои ќе им се присака, иако го нема во менито, ќе бидат изненадени како ќе бидат послужени.И гостите кои беа синоќа присутни на одбележувањето на 10 години “Вила Виста“ искажаа само пофални зборови и не ја криеја радоста што се дел од оваа прослава. Марјан Трифуновски е десет години гостин, а поради близината со Бале Цветсковски и соработката, вели дека се чувствува и како дел од тимот.-На самиот почеток кога се отвораше објектот, пред 10 години, му предвидов одличен развој, а тоа се гледаше од година во година. Цветковски сега има препознатвил бренд, а јас можам да се пофалам дека со него сум од самото основање, односно уште кога заедно го одбиравме името “Вила Виста“, па до ден денес и останувам со него за се што му треба. Му посакувам прво здравје, а потоа и успех во работата, а јас верувам дека се она што тој кажа претходно, како го замислува развојот во иднина ќе го оствари. Бале е дури и премногу посветен на работата, а секако заедно со неговото семејство. Тие имаат прекрасен фамилијарен бизнис, има тим кој го гледа како дел од својата фамилија и ќе го остварат неговиот сон.Секогаш скромниот Бале беше скромен и на годишнината, а гаснењето на свеќичките на роденденската торта тој и неговата сопруга Наташа им го препуштија на нивните наследници, синот Андееј и ќерката Анабела, кои треба да бидат и наследници во бизнисот.За преубавата славеничка атмосфера синоќа се погрижи групата “Деспина“.Во изминатите 10 години тешко е да се каже дека некој битолчанец не бил во “Вила Виста“ по разни поводи, а евентуално ако некој не дошол до сега вработемите му порачуваат дека пропуштил многу и му препорачуваат тоа да го направи што побрзо, ваква понуда на храна и квалитетна услуга, и плус тоа и поглед кој “вреди“ милион долари ретко каде има во нашата држава и пошироко.

Фото: Томче, “Манаки“ продукција