Општина Битола денес се придружува на глобалното одбележување на Светскиот ден на културната различност за дијалог и развој – 21 мај, ден прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации во 2002 година. Овој ден го нагласува значењето на културната разновидност како двигател на мирот, соживотот и одржливиот развој.Битола отсекогаш била град на културен соживот, мултиетничност и меѓусебно почитување. Денешниот настан е доказ за богатството што го имаме како заедница – со луѓе кои не само што живеат заедно, туку и активно ја споделуваат и промовираат својата култура.
На просторот пред репертоарот на Народниот театар Битола, во 12:00 часот, беше одржан културен настан со учество на повеќе локални културни здруженија. Настанот го поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој во своето обраќање истакна дека целта на оваа манифестација е да прерасне во традиционална платформа, со потенцијал да се прошири и на регионално и на државно ниво:
-Општина Битола се вклучува во одбележувањето на овој ден, со цел да ги истакне културните различности, но Битола има посебно значење во овој дел, зошто Битола е град на мултикултурата, мултиетничноста и овој град отсекогаш бил дом на многу народи, намерници кои минувале низ вековите и заедно се движеле низ Широк Сокак. Голема благодарност и за културно уметничките друштва кои се овде и ни презентираат дел од својата култура, како и здруженијата на Власите, Ромите, Албанците, Македонско – турското здружение, ракотворците и сите оние кои се овде и ја збогатија оваа програма со дел од својата култура, нивни носии, специјалитети кои овде ги промовираат. Оваа манифестација, можеби треба да се прошири во регионот и Републиката, зошто Битола навистина е град на мултикултурата, кој заслужува да биде домаќин на оваа манифестација, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Во рамките на програмата учествуваа: Културно-уметнички друштва од Битола, Комуната на Власи, Здружението „Ромска ѕвезда“, Здружението за македонско-српско пријателство, Здружението на ракотворци од Битола, Македонско-турското здружение „Мустафа Ќемал Ататурк“, Здружението „Нентори 22“ и други организации.
Настанот беше посветен и на промоција на вредностите од Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на културната различност (2005), која ги утврдува следните цели: поддршка на одржливи системи на културно управување, балансирана размена на културни добра и мобилност на уметници, интеграција на културата во развојните стратегии и почитување на човековите права и слободи преку културен израз.

Битола го одбележа светскиот на културната различност и е симбол за соживот и меѓуенички дијалог
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола домаќин на 52. регионален натпревар “Детски семафор 2025“
- Општина Битола: следуваат лабораториски анализи на распуканиот асфалт во Битола
- Промовирана монографија “1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“ (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно и топло, температурата до 26 степени
- Матурантите од Горната од Битола на заслужена матурска прослава (фотогалерија)