Денес, четврток, 22 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 26 степени.
Утре, петок, 23 мај во Битола времето ќе биде Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 26 степени.