По успешниот настан во Битола, панел посветен на жените во енергетскиот сектор се одржа и во Охрид.Настанот ги обедини гласовите и искуствата на жени кои се активни и успешни во енергетиката – инженерки, менаџерки, советнички и креаторки на јавни политики – со заедничка цел: отворање на повеќе простор за жените во техничките професии и инспирирање на идните генерации.
Панелот беше во организација на Преда Плус Фондација во партнерство со PrimePoint Partners и Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, со поддршка на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Фондот за климатски инвестиции (CIF), како дел од проектот „Stakeholder Review on Gender for the ACT Investment Plan“ во рамки на програмата WOLCOT.
Панелот во Охрид ги обедини искуствата и перспективите на три истакнати професионалки кои во искрена и ангажирана атмосфера отворија значајни прашања за улогата на жените во енергетиката:
-Елена Ивановска, советничка во кабинетот на министерката за енергетика и магистерка по електротехника и информациски технологии;
-Мимоза Фајдига, проектна менаџерка во АД МЕПСО, магистерка и дипломирана градежна инженерка;
-Емилија Сарафска, советничка за енергетика во Општина Битола, која воедно и го модерираше настанот.
Гостинките споделија лични приказни од својот професионален развој, како и соочувања со родови стереотипи во рамките на својата работа и кариера. Дискусијата се одвиваше во отворен формат, поттикнувајќи активна вклученост од страна на публиката.
Панелот се одвиваше во форма на тркалезна маса со отворен дијалог меѓу говорничките и публиката. Студентите и гостите на панелот имаа можност да поставуваат прашања, да ги споделат своите размислувања и да добијат инспирација за сопствениот кариерен пат.
Разговорите отворија теми за лично надминување на родови стереотипи, потребата од менторство и позитивни примери, но и важноста од институционална поддршка и родово чувствителни политики во индустријата.
Настанот беше проследен со голем интерес, особено кај студентите и присутните гости во салата, кои поставуваа прашања, коментираа и се вклучуваа во дијалогот – создавајќи простор за нови размислувања и поврзување.
Панелот пренесе јасна порака дека родовата еднаквост во енергетиката не е само прашање на правичност, туку на ефикасност, иновација и одржлив развој. Само преку креирање на инклузивни професионални средини и охрабрување на младите жени да изберат кариера во енергетскиот сектор, можеме да изградиме правичен енергетски сектор.
ПРЕДА Плус продолжува со својата посветеност на овие прашања, создавајќи платформи за поддршка, видливост и соработка помеѓу жените во секторот.

Жените во енергетиката повторно во фокус: Успешно одржан панел во Охрид (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Соопштение на “БВ Инженеринг“ Дооел, изведувач на градежните работи на улица „Бурса“ – Битола
- Општина Битола: изведувачите на улица “Бурса“ и кај “Блис“ на сопствен трошок го подготвуваат за преасфалтирање на улиците
- Битола домаќин на 52. регионален натпревар “Детски семафор 2025“
- Општина Битола: следуваат лабораториски анализи на распуканиот асфалт во Битола
- Промовирана монографија “1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“ (фотогалерија)