Прекрасниот месец мај е месец на матурски прослави во Битола. Месецот кога учениците од 4 година средно образование го прославуваат крајот на средношколските денови и продолжуваат во нов период од својот живот.Неколку месечните подготовки за тоа како ќе се биде облечен, каква фризура ќе одговара со стилот на облека, завршуваат со матурска прослава. Оваа година матурската прослава на матурантите од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола се одржа во “Гранд Премиер“.
Матурантите, од октомври, идните академски граѓани ги заборавија неколку месечните грижи околу стајлингот за матурска прослава, за фустан, костум, шминка, фризура, кошула, вратоврска и возбудени, весели се упатија кон ресторанот. Тука ќе се веселат и ќе ја поминат незаборавната матурска ноќ, последна во ваков состав, со другарите и другарките со кои ги поминаа средношколските денови.
Секој на различен и креативен начин пристигнуваа со своите партнери, родители, другари, роднини, онака како што и беа договорени да прослават пред свеченото влегување во „Гранд Премиер“.
Матурската вечер е момент, дел од животот. Но овие моменти остануваат во сеќавањата на сите. Се разбира мора да се овековечат, се направија илјадници селфи фотографии, тука беше екипата на “Дримкаст“ која со матурантите се дружи сите овие последни месеци. За тоа околу договарање за фотографирање за табло, фото за спомен, фото за споменарот. И на крај денес фото од матурската вечер.
Александар Котевски -Аце, Цавиро и останатата екипа стрпливо, професионално се погрижија секој да има од оваа вечер барем едно „туце“ преубави фотографии, кои ќе им останат за спомени.Вообичаено е орото пред објектот за прослава, а следува и церемонијалното влегување преку црвениот килим, а потоа се приклучуваат и професорите, да прослават со нив, бидејќи со нив поминаа четири значајни години од животот.
Матурантите, нивните другари и другарки, родители, роднини… го направија патот од “Довлеџик“ кон Пелистер непрооден, а се помина во најдобар ред, немаше нервозни возачи, немаше “седење на свирка“, пцовки, бидејќи сите знаеја дека денес се најважни матурантите…
Матурантите потоа ја продолживаат својата забава во “Голд Фелиција“, а во утринските часови од таму традиционално се упатуваат во училишниот двор на Гимназијата каде играат, пејат и емотивно се збогуваат со нивните професори, соученици, училиштето и средношколскиот живот.
Жанета Ристевка