Press "Enter" to skip to content

Соопштение на “БВ Инженеринг“ Дооел, изведувач на градежните работи на улица „Бурса“ – Битола

Почитувани сограѓани,

како изведувачи на проектот за реконструкција на улица „Бурса“, сакаме да ја информираме јавноста дека веднаш по увидот, превземаме сè што е нужно за целосно и трајно санирање на појавените оштетувања на асфалтот.

Во координација со Општина Битола, Единицата за имплементација на Проектот за поврзување на локални патишта, Министерството за транспорт и врски и Светска банка, започнати се детални лабораториски испитувања на вградените материјали.

Паралелно, нашите тимови го подготвуваат теренот за изведба на корективни зафати веднаш по добивање на резултатите и дефинирање на најсоодветното техничко решение, кое секако ќе биде со највисоки возможни стандарди.

Првичните наоди, укажуваат дека интензивниот тешко-транспортен сообраќај во изминатиот период, значително влијаел врз интегритетот на коловозната конструкција. Иако сите материјали и процеси беа усогласени со договорените стандарди, овие надворешни фактори доведоа до забрзана деградација на површинскиот слој.

Остануваме во постојан контакт со сите надлежни институции за да се обезбедат највисоки стандарди на квалитет, без дополнителни трошоци за општинскиот буџет. Приоритет ни е реконструкцијата да биде завршена во најкраток можен рок, со трајно решение што ќе ги издржи максималните оптоварувања од тешките товарни возила.

Свесни сме за непријатностите кои се создадоа и уверуваме дека ќе работиме транспарентно, одговорно и доследно сè додека улицата „Бурса“ не биде целосно безбедна и функционална.

Ви благодариме за трпението и разбирањето разбирањето.

Со почит, БВ Инженеринг Дооел

More from ВестиMore posts in Вести »