Press "Enter" to skip to content

Вечер се отвора “Pionerski Book Bar & Apartments“ – дел од деталите сместени во ентериерот на објектот (фотогалерија)

Вечерва во Битола се отвора “Pionerski Book Bar & Apartments“, култно место за повозрасните битолчнани, место кое е впишано во колективната меморија на повозрасните битолчани, кои по разни основи биле дел од случувањата во изминатиот век и во овој век. Повозрасните битолчани вечер ќе се вратат на местото, онаму каде што спомените се живи…

А, младите битолчани на ова место ќе создадат нови… 

-Ова е нов почеток, исто срце – со атмосфера која се чувствува, а не се опишува, бидете дел од отворањето на едно ново култно место, порачаа од “Pionerski Book Bar & Apartments“.Битолчани вечер ќе имаат прилика да ги водат сите апартани уредени по најмодерни светски стандарди, ќе имаат прилика да уживаат во преубавиот амбиент на “book bar“, да уживаат в0 кафето и да читаат и да купат книги…Тука се конференциските сали, а впечатливо е и “Евејското катче“…Погледот ќе биде насочен и кон преубавите лустери кои ќе прават неповторлив амбиент на светлината.

А, летната бавча е приказна за себе… Екипата на Bitolanews денес беше во “Pionerski Book Bar & Apartments“ и преку фотографии ќе ви пренесеме само мал дел од деталите кои ги има многу, а ние ви пренесуваме само десетина, останатите сами ќе ги откриете, а тука е пионерската заклетва.Гала отворањето на “Pionerski Book Bar & Apartments“, а специјален гостин ќе биде Ламбе Алабаковски, бидете дел од отворањето на едно ново култно место!