На 22.05.2025 во 07.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Индустриска” во Битола, дека две лица на возраст од 18 години, двајцата од Битола, и едно лице на возраст од 22 години од село Жван, демирхисарско и 20 годишник од с.Вардино, демирхисарско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 22.05.2025 во 13.40 часот во СВР Битола, А.П. (44) од с.Горно Агларци, општина Новаци, пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од малолетник од Новаци. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.