Кога спортот, духот на заедништво и универзитетската енергија ќе се спојат на едно место, се добива настан како „Универзитетска трка и фрка“ – динамична манифестација што и годинава ја обои академската заедница со боите на КОЛОРС Алијансата.Факултетот за безбедност во Скопје, како домаќин, повторно ја отвори својата спортска сцена за студенти, наставен и академски кадар од УКЛО Битола, за сите кои имаа можност да ги измерат своите сили во трката на 2,5 км, но и во нови, креативни спортски дисциплини што за прв пат беа дел од програмата.
-Организацијата беше на врвно ниво – од професионалните стартни пакети и електронското мерење на време, до пост-тркачките активности што ја истакнаа умешноста, тимската работа и спортскиот дух на учесниците. Овој настан уште еднаш покажа дека УКЛО знае да организира спортска манифестација по европски стандарди, дури и надвор од своето седиште, вели Марјан Љамчевски, виш соработник за култура и спорт на УКЛО. Тој особено го истакнува значењето на овој пристап: факултетот како активен носител на спортски живот. Овој пристап успешно реализиран на Факултетот за безбедност – Скопје овозможи оваа единица на УКЛО успешно да се позиционира како пример – како може еден факултет да изгради спортски идентитет.
– Како виш соработник за култура и спорт, со гордост можам да кажам дека „Универзитетската трка и фрка“ го проширува пулсот на УКЛО надвор од Битола, и го зацврстува спортскиот идентитет на секоја универзитетска единица. Овој настан претставува модел како еден факултет може да стане препознатлив преку сопствена спортска платформа – како што тоа го направи Факултетот за безбедност – Скопје.
Во таа насока, нашата визија е јасна: секоја универзитетска единица да има свој спортски белег, кој ќе биде мотив и за студентите и за вработените – не само за натпревар, туку и за дружење, здравје и заедништво. и да понуди платформа која ги обединува сите генерации од академската заедница. УКЛО ја нагласува важноста секоја единица да развие свој спортски настан со препознатлив белег, со што ќе се поттикне здрав, активен и поврзан академски живот.
„Универзитетска трка и фрка“ веќе покажува потенцијал за поширок опфат, а студентите и вработените се охрабруваат спортот да го направат дел од секојдневието.Сето тоа – во ритамот на УКЛО КОЛОРС: палета на иницијативи што го обојуваат универзитетот со енергија, идентитет и заедништво.

УКЛО КОЛОРС интервал: трка и фрка- спортски пулс надвор од Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Научен собир на МНД Битола посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј
- “Трчај бе“ и атлетска федерација на Македонија донираа спортски реквизити пред “Мини трчај бе“
- Еурофарм Пелистер со победа над Бутел ја затвори сезоната пред публиката во Битола (фотогалерија)
- ЈП “Паркинзи“ Битола: да не се паркираат возила на зона А4 кај Саат кулата од 7 до 15,30 часот
- Се асфалтираат пет краци на улица “Буковски мост“